Страници за помош
- Вовед
- Поднесување барања
- Вашата приватност
- СПИ офицери
- За софтверот
- Кредити
- Програмери API
- Напредно пребарување
Контактирајте нѐ
Ако вашето прашање овде не е одговорено или доколку сакате да нѐ известите нешто за страницата, контактирајте нѐ.
Вашата приватност #
- Кој може да ја види адресата на мојата е-пошта? #
Нема да ја откриеме вашата адреса за е-пошта на никого, освен ако не сме обврзани со закон, или ако не го побарате тоа од нас. Ова го вклучува јавниот орган до кој испраќате барање. Тие можат да видат само адреса на е-пошта @severnamakedonija.foitracker.com која е специфична за тоа барање.
Ако испратите порака до друг корисник на страницата, тогаш ќе се открие адресата на вашата е-пошта. Ќе бидете известени кога тоа ќе се случи.
- Дали ќе ми испраќате непријатни, груби спамови на мојата адреса за е-пошта? #
- Не. Откако ќе се регистрирате на BIRN-ov FOI Tracker, ќе ви испратиме само е-пошта во врска со барањето што сте го испратиле, известување за е-поштата на која сте се пријавиле или од други причини за кои вие посебно ќе одобрите. Ние никогаш нема да ја дадеме или продадеме вашата е-пошта на некој друг, освен ако на тоа не сме обврзани со закон или доколку вие тоа не го побарате од нас.
- Зошто моето име и моето барање ќе се појават јавно на страницата? #
-
Вашето барање го објавуваме на Интернет за секој да може да го прочита и да ги искористи информациите што сте ги нашле. Обично не бришеме барања (
Вашето име е поврзано со вашето барање, па мора да го објавиме. Тоа е единствено фер, бидејќи ќе го објавиме и името на државниот службеник кој ќе одговори на вашето барање. Користењето на вашето вистинско име, исто така, им помага на луѓето да стапат во контакт со вас, за да ви помогнат во вашето истражување или за да водат кампања со вас.
Според законот, мора да го користите вашето вистинско име, за барањето за слободен пристап до информациите да биде валидно. Погледнете го следното прашање за алтернативите, доколку не сакате да го објавите вашето полно име.
- Може ли да поднесам барање за СПИ користејќи псевдоним? #
-
Технички, мора да го користите вашето вистинско име за вашето барање да биде валидно барање за слобода на информации во законот на ОК. Видете го ова упатство од Комесарот за информации (јануари 2009 година).
Сепак, во истото упатство се вели дека е добра практика јавната институција сè уште да го разгледува барањето поднесено со употреба на очигледен псевдоним. Треба да се повикате на ова, доколку јавната институција го одбие барањето, затоа што сте користеле псевдоним.
Сепак, бидете внимателни, дури и ако институцијата ја следи оваа добра практика, псевдонимот веројатно ќе ви оневозможи подоцна да се жалите до Комесарот за информации, во врска со постапувањето со вашето барање.
Постојат неколку добри алтернативи за користење на псевдоним.
- Користете различна форма на вашето име. Упатството вели дека „г-дин Артур Томас Робертс“ може да поднесе валидно барање како „Артур Робертс“, „А. Т. Робертс“ или „Господин Робертс“, но не како „Артур“ или „А.Т.Р.“.
- Жените можат да го користат своето моминско презиме.
- Во повеќето случаи, можете да користите кое било име со кое сте „нашироко познати и/или кое редовно го користите“.
- Користете име на организацијата, име на компанијата, трговското име на компанијата или трговското име на трговецот поединец.
- Побарајте некој друг да го поднесе барањето во ваше име.
- Можете, доколку навистина заглавите, да побарате од нас да го поднесеме барањето во ваше име. Ве молиме контактирајте нѐ со добра причина зошто не можете сами да го поднесете барањето и зошто не можете да го побарате тоа од пријател. Немаме ресурси да го правиме ова за секого.
Ве молиме, не се обидувајте да се претставувате како некој друг.
- Ми ја побараа мојата поштенска адреса. #
-
Ако некоја јавна институција побара од вас целосна, физичка адреса, одговорете им дека делот 8.1.б од Законот за СПИ бара „адреса за кореспонденција“ и дека адресата на е-поштата што ја користите е доволна.
Министерството за правда има упатство за ова – "Како и писмена кореспонденција во печатена форма, прифатливи се барањата што се пренесуваат по електронски пат (на пример, во е-пошта)... Ако барањето е примено по е-пошта и не е дадена поштенска адреса, адресата на е-пошта треба да се третира како адреса за враќање."
Дополнитело, советите на комесарот за информации, за практичарите велат: „Секоја кореспонденција може да вклучува барање за информации. Ако е напишано (ова вклучува и е-пошта), читливо, ако го дава името на апликантот, адресата за одговор (која може да биде електронска) и вклучува опис на потребните информации, тогаш потпаѓа во рамките на законот“.
- Не, не, потребна им е поштенска адреса за да испратат одговор на хартија! #
-
Ако некоја институција има само хартиена копија од информациите што ги барате, таа може да ви ја побара поштенската адреса. За почеток, обидете се да ги убедите да ги скенираат документите за вас. Можете дури и да им понудите да им дадете скенер, со што ќе ја засрамите институцијата и тие ќе мораат да го најдат скенерот што веќе го имаат.
Ако тоа не функционира, а сакате да ја наведете вашата поштенска адреса приватно за да ги добиете документите, означете го вашето барање како „одговорот ќе биде пратен по пошта“ и ќе добиете адреса на е-пошта што можете да ја користите за таа цел.
- Можете ли да ги избришете моите барања или да го промените моето име? #
-
BIRN-ov FOI Tracker е постојана, јавна архива на барања за слобода на информации. Иако одговорот на барање повеќе нема да ви биде корисен, тој може да биде од интерес за другите. Поради оваа причина, нема да бришеме барања.
Во исклучителни околности, може да го отстраниме или промениме вашето име на веб-локацијата, видете го следното прашање. Слично на тоа, ние може да отстраниме и други лични податоци.
Ако сте загрижени за ова пред да го поднесете вашето барање, видете го делот за псевдоними.
- Можете ли да ги отстраните моите лични податоци? #
-
Ако видите на страницата некакви свои лични информации, што би сакале да ги отстраниме или скриеме, тогаш ве молиме да нѐ известете. Наведете точно кои информации мислите дека се проблематични и зошто, и каде се појавуваат на страницата.
Ако се работи за чувствителни лични информации што случајно се објавени, ние обично ги отстрануваме. Обично ги разгледуваме само барањата за отстранување на личните информации што доаѓаат од засегнатото лице, но за чувствителни информации би ценеле ако некој може да ни укаже на нешто што ќе види.
Сметаме дека постои силен јавен интерес да се сокријат имињата на службениците, односно вработените во јавните тела. Ние ќе ги отстраниме таквите имиња само во исклучителни околности, како на пример кога откривањето на името и работното место, значително би ја загрозиле безбедноста на тој поединец. Ако сте таков службеник и сакате вашето име поради итни причини да се отстрани, мора да ни доставите барање за тоа од вашиот директор. Ова барање мора да покаже дека постои согледан ризик кој го надминува јавниот интерес и мора да покаже дека се преземени напори за сокривање на името на веб-страницата на организацијата.
За сите други барања, применуваме тест на јавен интерес, за да одлучиме дали информациите треба да се отстранат. Делот 32 од Законот за заштита на податоците од 1998 година ни го дозволува тоа, бидејќи материјалот што го објавуваме е новинарски. Не можеме лесно да уредуваме многу видови на прилози (како што се ПДФ датотеките или датотеки во Мајкрософт ворд или Ексел), така што обично ќе побараме од институциите повторно да ги испратат овие прилози со отстранети лични информации.
Дознајте повеќе од помошта за офицерите за информирање